📽 ПАТНИЧКИТЕ ПРИСТИГНАА НА ЗЕМЈАТА ОД ВСЕЛЕНАТА Лорен Санчез го бакна Безос, Кети Пери ја бакна земјата
Тоа беше првиот екипаж на летот составен исклучиво од жени. Патувањето требаше да трае 11 минути.
Новинарката Гејл Кинг, пејачката Кети Пери, свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, филмската продуцентка Кариана Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгуен отидоа до работ на вселената и се вратија со ракетата „Њу Шепард“ на „Ориџин“. Тоа беше првиот екипаж на летот составен исклучиво од жени. Патувањето требаше да трае 11 минути.
„Блу ориџин“ го емитуваше настанот во живо.
Колку е значајна екипата составена исклучиво од жени на „Блу Ориџин“?
„Блу ориџин“, основана од Безос во 2000 година, вели дека мисијата ќе биде првата мисија со женски екипаж од самостојниот вселенскиот лет на советската космонаутка Валентина Терешкова во 1963 година.
Бројот на жени во вселената се зголеми со растот на вселенскиот туризам. Сепак, само околу 15 отсто од повеќе од 700 луѓе кои досега патувале во вселената биле жени. Од своето основање, НАСА избра вкупно 360 кандидати за астронаути – од кои 61 се жени.
Свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, пилот, новинарка и потпретседателка на Фондот за Земјата Безос, ја организираше мисијата, според „Блу ориџин“.
„Чест е да се предводи тим истражувачи во мисијата што ќе ги предизвика нивните перспективи за Земјата, ќе ги охрабри да ги споделат своите приказни и ќе создаде трајно влијание што ќе ги инспирира генерациите шро доаѓаат“, се вели во соопштението на „Блу ориџин“.
Таа, исто така, соработуваше со модната куќа „Монсе“ на дизајнот на оделата за мисијата.
Кети Пери рекла дека почувствувала голема поврзаност и љубов. Кога ѝ рекле дека нејзината ќерка ја чека и дека е горда, таа се расплакала. Таа покажала дека со себе донела маргаритка, симбол на издржливост, бидејќи станува збор за обичен цвет што може да расте во сите услови.
Кети рекла дека ја испеала „What a Wonderful World“ и дека тоа е потсетник на колективот и прекрасниот свет во кој живееме. Пејачката опишала дека чувството е толку прекрасно што е веднаш под чувството што ѝ го подарило мајчинството.
„На ова патување чувствуваш љубов кон себе затоа што мора да се потпреш на себе и да чувствуваш поврзаност“, рекла Кети и додала дека ќе напише песна за ова искуство.
Патничките се обидувале да го опишат чувството што го доживеале гледајќи ја Земјата од вселената. Тие биле видливо емотивни и низ солзи рекле дека ова било уникатно и прекрасно искуство.
Кога патничките излегле од капсулата, биле пречекани од Џеф Безос. Лорен Санчез излегла прва и го бакнала. Кети Пери излегла по неа, која ја бакнала земјата.