„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА СМЕ ЗАЕДНО“ Тоа е пораката на Таравари пред состанокот на челниците на Вреди

1,213

Лидерите на коалицијата Вреди вечерва на состанок во Скопје разговараат за состојбите во коалицијата. На состанокот се присутни лидерите на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, на Демократското движење –  Изет Меџити, на Беса – Биљал Касами и на Алтернатива – Зеќирија Ибраими.

Пред состанокот, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата.






Тој рече дека нема очекувања, бидејќи се работело за редовен состанок на партиите.

– Се надевам заедно сме – рече Таравари како одговор на новинарско прашање за тоа дали останува во коалицијата.

Деновиве имаше тензија во коалицијата која беше видлива и во јавноста преку острите изјави кои си ги упатија Таравари и Меџити. Таравари беше повикан да одлучи дали останува во коалицијата, затоа што, како што го обвини лидерот на Демократското движење, тој се повеќе се доближува до Али Ахмети.

Поврзани содржини