СЕ ПРЕГОВАРА ЗА АВИОЛИНИИ СО ПРАГА И СО КАРЛОВИ ВАРИ Со добри политики до десетина нови дестинации од Скопје и од Охрид

Освен новите авиолинии кои се воведоа и тие за кои се преговара, за прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите, и ќе се гради нова терминална зграда, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

544

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати со десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми. Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. За само неколку месеци Владата успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми. Се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните. Исто така, се преговара и за уште десетина нови авиолинии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз, до аеродромот Орли, се вели во соопштението.

„Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул. После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам. Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе доаѓаат надвор од главната туристичка сезона“, се вели во соопштението.

 

Од Меѓународниот аеродром Скопје од 3 ноември ќе почне да оперира линијата Скопје -Женева.

„Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите: Охрид-Истанбул, Охрид-Базел Мулхаус, Скопје-Дубаи, Скопје-Штутгарт, Скопје-Лион и Скопје-Барселона. Се преговара и за воспоставување на нова линија Скопје-Прага, како и можноста за нова линија Охрид-Карлови Вари. Освен новите авиолинии кои се воведоа и тие за кои се преговара, за прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите, и ќе се гради нова терминална зграда. Целта е да се  подобри квалитетот на животот на македонските граѓани, да има подобар проток на добра и услуги, како и инвестиции и пораст на економскиот развој“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини