ВОЗАЧИ БЕЗ КОЧНИЦИ, ВИКЕНДОТ ПАДНАА НАД 2.500 КАЗНИ Фатени без дозвола, пијани, на телефон и без појас
Најмногу санкции се однесуваат на непрописно паркирање – дури 545 возачи останаа со платен налог, но веднаш зад нив се и 543 казнети за брзо возење, кои го притискале гасот без почитување на ограничувањата.
Полицијата викендов стави ред во хаосот на улиците – во текот на сообраќајните контроли спроведени на 5 и 6 април низ цела Македонија, изречени се вкупно 2.553 казни, а списокот на прекршоци изгледа како сценарио од трилер.
Најмногу санкции се однесуваат на непрописно паркирање – дури 545 возачи останаа со платен налог, но веднаш зад нив се и 543 казнети за брзо возење, кои го притискале гасот без почитување на ограничувањата.
Шокантен е и бројот на оние кои зад воланот користеле мобилен телефон – 150 прекршители, додека 340 лица возеле без да го закопчаат сигурносниот појас. Контролите откриле и 252 учесници во сообраќајот без возачка дозвола, како и 104 кои управувале возило под дејство на алкохол.
МВР информира дека биле фатени и седум возачи кои поминале на црвено, како и 12 пешаци кои направиле прекршок. Од сообраќај биле отстранети 81 возило, најчесто поради техничка неисправност или нерегистрираност.
„Контролите ќе продолжат и во наредниот период. Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за да ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата порачува: казните се високи, но последиците од несовесно однесување можат да бидат уште посериозни.