8 ПОВРЕДЕНИ ОДАТ ДОМА, 9 СЕ ВРАЌААТ ОД СТРАНСТВО Во другите земји има уште 91 пациент

Во врска со пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

143

Во клиниките во Скопје хоспитализирани се 22 пациенти, повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сите се во стабилна и во добра состојба. Осуммина од нив денеска одат на домашно лекување.

– Во моментот 8 пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои 6 на Токсикологија и 2 на Пластична хирургија, 6 пациенти во Стара градска болница, 5 во ГОБ „8 Септември“ и 3 во „Аџибадем Систина“. Во странство во моментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно 9 пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и од Шведска – рече министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција.






Во врска со пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

– По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор – додаде министерот.

 

Поврзани содржини