ЦЕНАТА НА БАКАРОТ ЌЕ СЕ ИСКАЧИ НА 12.000 ДОЛАРИ ЗА ТОН Највисок раст се очекува годинава, побарувачката расте

Моменталната цена на бакарот на берзите е 10.000 долари за тон.

68

Цената на бакарот би можела да постави нови рекорди во 2025 година, според прогнозите на водечките светски трговски куќи, при што се очекува цените да се искачат над 12.000 долари за тон. Клучни фактори кои влијаат на пазарот се зголемената глобална побарувачка и можноста за воведување американски.

Компаниите „Mercuria“, „Trafigura“ и „Frontier Commodities“ објавија на самитот во Лозана дека очекуваат цената на бакарот на Лондонската берза за метали (LME) значително да порасне до крајот на годината, пишува Financial Times.






Највисоката забележана цена на бакарот беше речиси 11.000 долари во мај 2024 година, но оттогаш падна.

Сепак, во 2025 година цената повторно е во пораст и моментално се движи околу 10.000 долари за тон.

Костас Бинтас, глобален директор за метали и минерали во „Mercuria“, рече дека очекува цената да надмине 12.000 долари, додавајќи дека пазарот на бакар моментално минува низ период на ограничена понуда.

Традиционално, Кина доминира со побарувачката на бакар, но пазарот значително се промени поради огромниот увоз во САД.

Во моментов, меѓу 400.000 и 500.000 тони бакар се транспортираат во САД, што доведе до пораст на цените.

Поврзани содржини