📽️ ВУЧИЌ ДРЖЕЛ ДИЕТА СО КАЛИНКИ ПРЕД СРЕДБАТА СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН? „Сфатив каква енергија ширам“
Некој да ми кажеше дека ќе јадам калинки, немаше да му поверувам, а ова е најдобриот начин, една лажица калинка, луѓето велат дека го смалува притисокот, не верував, но сфатив, сите сфатија колку лошо изгледа и каква лоша енергија ширам., вели српскиот претседател на снимката која се споделува на Тик-ток.
Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да држи диета јадејќи калинки. На снимка споделена на Тик-ток пред два дена тој вели дека се спрема за средбата со претседателката на Европската комисија и со претседателот на Европскиот совет за да шири добра енергија и да ослабе, иронично велејќи дека сите сфатиле колку лошо изгледа.
Вучиќ се сретна со Урсула Фон дер Лајен и со Антонио Кошта на вторникот на 25 март.
– Бидејќи изгледам како да ме исфрлила поплава, луѓето велат мрзлив е, има подочници до брадата, дебел е, решив, освен што сега е Велигденски пост, решив тоа да го поправам, да бидам послаб, помлад. Некој да ми кажеше дека ќе јадам калинки, немаше да му поверувам, а ова е најдобриот начин, една лажица калинка, луѓето велат дека го смалува притисокот, не верував, но сфатив, сите сфатија колку лошо изгледа и каква лоша енергија ширам. Утре во Брисел кога ќе ме видите насмеан со Фон Дер Лајен и со Антонио Кошта, немојте да се мислите дека се смеам како луд на брашно – вели Вучиќ на снимката.
@jasamaleksandar U naru je spas. Biću mlađi, manje debeo i nasmejaniji. 🥲 #jasamaleksandar ♬ original sound – Ja sam Aleksandar