КАЛАС СЕ ОДНЕСУВА КАКО ДА Е ГЛАВНА Функционери на ЕУ ја критикуваат поради нејзиниот остар став за Русија

Дипломатите ѝ замеруваат на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, и за тоа што во последен момент ја откажала планираната средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио, во Вашингтон, на крајот од февруари - наводно поради слаба подготовка од страна на европската делегација.

741

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, се соочува со бројни критики во првите месеци на функцијата, а бриселските функционери најмногу ѝ замеруваат дека продолжила да „се однесува како премиерка“, рекле извори за Политико.

За време на посетата на Киев, веднаш по преземањето на функцијата во декември, Калас на социјаланта мрежа Икс објави дека „Европската унија сака Украина да победи во оваа војна“, а некои функционери на ЕУ рекоа дека се чувствуваат непријатно поради тоа што шефицата на Европската служба за надворешни работи, на првиот ден на работа, си дава слобода да „го пречекори она што се сметаше за воспоставената реторика за повеќе од 2 години војна во Украина“, наведува бриселскиот портал.






Калас сѐ уште се однесува како премиерка

– Калас и понатаму се однесува како премиерка – рекол еден дипломат на ЕУ, кој сакал да остане анонимен, алудирајќи на нејзината претходна позиција како премиерка на Естонија.

Овој извор и 9 други дипломати и функционери на ЕУ за Политико укажале на „низа погрешни чекори“ за време на првите неколку месеци од работата на Каја Калас, почнувајќи од изнесување важни предлози за кои нема поддршка, до земање преголема слобода во изјавите за надворешна политика.

Неколку дипломати, исто така, изразија незадоволство од нејзиниот стил на раководење, жалејќи се на, како што го опишаа, недостигот на консултации за чувствителните прашања. Во првите месеци од нејзиниот мандат, овие грижи само се зголемија, меѓу другото и поради нејзиниот цврст однос кон Русија, што ја оддалечи од позициите на земјите-членки како Шпанија и Италија, кои не ја делат нејзината оценка дека Москва е непосредна закана за ЕУ, наведува Политико.

– Додека ја слушате, се чини дека сме во војна со Русија, што не е линијата на ЕУ – рекол еден претставник на ЕУ.

Предложила да ѝ се дадат милијарди евра воена помош на Украина, но добила кочница

Друга замерка се однесува на нејзиниот предлог, по Безбедносната конференција во Минхен во февруари, земјите од ЕУ да обезбедат милијарди евра итна воена помош за Украина, откако САД ја прекинаа помошта, информира бриселскиот портал.

Естонската политичарка во документ на 2 страници, објавен во неделата вечерта, побара од 27-те земји-членки на Унијата да најдат најмалку 1,5 милиони парчиња артилериска муниција, меѓу другите барања.

Двајца дипломати, од источна и од северна Европа, истакнаа дека Калас не успеала да добие поддршка од големите земји како Франција пред да го изнесе својот предлог.

Калас не се спреми за разговор со Рубио, па затоа се откажа средбата

Друга работа за која дипломатите ѝ замеруваат на Калас е откажувањето во последен момент на средбата на шефицата на европската дипломатија и американскиот државен секретар, Марко Рубио, во Вашингтон на крајот на февруари, поради, како што наведоа, лошата подготовка на средбата со американската страна.

Официјален претставник на Европската служба за надворешни работи во изјава за Политико до некаде го намалил значењето на критиките, велејќи дека земјите-членки ја избрале Калас зашто сакаат воен лидер кој „ќе ги придвижи работите напред“.

– Европските лидери постојано повикуваат на поголема помош за Украина, време е за акција, а не да остане само на зборови – нагласил претставникот на ЕЕАС.

Поврзани содржини