📷 ИГРАЛИШТЕТО ВО ВЛАЕ Е ЗАТВОРЕНО, ДРМА СТРУЈА Проблемот не е смртоносен, ама е непријатен
Надлежните служби открија статички електрицитет на реквизитите, кој не е животозагрозувачки, но сепак игралиштето е затворено за користење. Општина Карпош и ЕВН работат на решавање на проблемот и повторно отворање на просторот за игра.
Екипи од ЕВН и од Општина Карпош извршиле контрола на детското игралиште на улицата Франце Прешерн во населбата Влае, откако граѓани пријавиле појава на статички електрицитет.
Според Фејсбук објавата на Општина Карпош, при контролата е потврдено дека станува збор за статички електрицитет кој не претставува опасност по животот на децата, но сепак било донесено решение за превентивно затворање на игралиштето до целосно решавање на проблемот.