РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА НАПАДНАЛА НАФТЕН МАГАЦИН, ИЗБУВНАЛ ПОЖАР Кој прв го прекрши договорот за ненапаѓање енергетски инфраструктури?

Киевскиот режим започна намерен напад, користејќи 3 беспилотни летала со фиксни крила за напад врз енергетскиот објект во селото Кавказскаја, соопштија руските власти.

353

Руското Министерство за одбрана во средата ја обвини Украина дека ја „поткопува“ привремената пауза на нападите врз енергетската инфраструктура со тоа што во текот на ноќта извршила напад со дрон врз складиште за нафта во јужниот дел на Краснодар, објави Москов тајмс.

„Киевскиот режим започна намерен напад, користејќи 3 беспилотни летала со фиксни крила за напад врз енергетскиот објект во селото Кавказскаја“, соопштија руските власти.






Според војската, објектот се користи за пренос на нафта од железнички танкери во системот на гасоводот со кој управува Конзорциумот за гасоводот „Каспиј“.

„Нападот со дрон предизвика пукање на резервоар за гориво и избувнување на пожар на 1.700 метри квадратни“, се додава во соопштението.

Претходно, властите во регионот Краснодар соопштија дека повеќе од 200 екипи за итни случаи биле испратени да се борат со пожарот.

„Јасно е дека ова беше уште една внимателно испланирана провокација на режимот во Киев, чијашто цел е да ги поткопа мировните иницијативи на американскиот претседател“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Украина сѐ уште не го коментираше нападот.

Поврзани содржини