НА КЛИНИЧКИ ПОВТОРНО НОРМАЛНО ЌЕ СЕ ОПЕРИРА Од денеска почнуваат интервенции за онколошките пациенти
Од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари
– Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани – изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој ја соопшти најновата состојба на пациентите од пожарот во Кочани, на лекување во болниците во државава и во странство, истакнувајќи дека добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати.
Во државава се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во државните болници, а 13 пациенти се во приватните болници и сите, како што рече, се во релативно стабилна состојба. На лекување во странство се 101 пациент и тие се во релативно стабилна состојба.