„СМЕТАЈТЕ НА ВОЕНАТА ПОМОШ ОД ЕВРОПА, НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРИМЕ“ Макрон и Шолц со порака до Зеленски по телефонскиот разговор Трамп-Путин

Целта мора да остане иста, да се има мерлив и проверлив прекин на огнот, целосно почитувајќи цврст и траен мир и придружните гаранции, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

557

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц го опиша прекинот на нападите врз енергетската инфраструктура на Украина за кој се договорија американскиот и рускиот претседател како важен прв чекор.

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин денеска за време на телефонскиот разговор се согласија да бараат ограничен прекин на огнот во Украина што ќе ги опфаќа енергетските капацитети и инфраструктурата, се вели во соопштението на Белата куќа.






– Следниот чекор треба да биде целосен прекин на огнот за Украина што е можно поскоро. Се разбира, јасно е дека и двајцата се согласуваме за тоа – рече Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин со францускиот претседател Емануел Макрон.

Шолц го повтори ставот дека одлуките не треба да се носат без учество на Украина.

Макрон исто така рече, дека Украинците „мора да бидат на маса“ за преговори.

– Целта мора да остане иста, да се има мерлив и проверлив прекин на огнот, целосно почитувајќи цврст и траен мир и придружните гаранции – рече Макрон. „Очигледно е дека е неприфатливо Украинците да не бидат на маса“, инсистираше тој.

Шолц и Макрон најавија дека „Украина може да смета на постојана воена помош од Европа“.

– И двајцата сме на мислење дека Украина може да смета на нас, дека Украина може да смета на Европа и дека нема да ја изневериме – изјавија тие.

Поврзани содржини