СОНЧЕВО, АМА СТУДЕНО УТРО Следува период на стабилно и суво време
Минималните температури во утринските часови ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните дневни вредности ќе се искачат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.
Денеска нè очекува претежно сончево време со студено утро и слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури во утринските часови ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните дневни вредности ќе се искачат во интервал од 7 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -5 степени, а преку денот се очекува максимална температура до 14 степени.
Според прогнозите, следува период на стабилно и суво време, со ниски утрински температури кои до петок ќе останат под нулата.
Дневните температури постепено ќе се зголемуваат, а од петок ќе настапи промена на ветерот – од северен ќе премине во јужен, кој за време на викендот ќе засили на моменти.