МПЦ ЌЕ ОДРЖИ ПАРАСТОС ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ Ќе се одржи и молитва за исцеление на повредените

99

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА утре и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените.

– Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената литургија да се отслужи парастос за невино настраданите во трагедијата во Кочани. Веднаш по парастосот, пак, да се принесе молитва за исцеление на повредените – се наведува во соопштението сод МПЦ.






Во сабота во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец со благослов на г.г. Стефан, ќе се служи Заупокоена литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, како и за прерано починатиот студент по теологија на Православниот богословски факултет Јане Глигороски.

Поврзани содржини