ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО СЕКОЈА ДИСКОТЕКА И ВО СЕКОЕ КАБАРЕ Теренската акција започнува утре

Ве информираме дека во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, информира Владата.

427

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови, информираше владината прес-служба.

„Ве информираме дека во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини