ХОЛАНДИЈА ЌЕ ПРИМА ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Центри за третман на изгореници подготвени да лекуваат жртви

Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија, појасни ортпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.

278

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Македонија, изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.

– Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување, изјави портпаролот, пренесува НЛ Тајмс.






-Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија – појасни претставникот.

Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Македонија за да помогнат, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за „RTL Nieuws“.

Според него, сè уште нема многу информации за состојбата на жртвите, но очекува сериозни повреди.

– Фактот дека веќе има речиси 60 загинати зборува доволно. Ова морало да има огромно влијание и врз останатите повредени – потенцира хирургот.

Поврзани содржини