ВРТОГЛАВА СУМА Тејлор Свифт со најголема заработка на Спотифај, еве колку милиони доби
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт е најплатениот изведувач на стриминг-платформата Спотифај, со заработка од речиси 95 милиони евра. Оваа цифра е дел од рекордните 9,1 милијарди евра што платформата им ги исплати на музичарите, пренесува „Дејли мејл“.
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт е најплатениот изведувач на стриминг-платформата Спотифај, со заработка од речиси 95 милиони евра. Оваа цифра е дел од рекордните 9,1 милијарди евра што платформата им ги исплати на музичарите, пренесува „Дејли мејл“.
По Свифт, втор најпрофитабилен изведувач на платформата е Д Викенд, кој инкасирал околу 47,2 милиони евра. Во првите неколку најплатени музичари се најдоа и Аријана Гранде со над 35,6 милиони евра, како и Бруно Марс со речиси 30 милиони евра.
Тејлор Свифт некогаш важеше за еден од најголемите противници на Спотифај. Во 2014 година, таа ја повлече својата музика од платформата, критикувајќи ја политиката на бесплатни стримови. Нејзините песни беа повторно достапни дури во 2017 година, кога таа истакна дека уметниците треба да добиваат фер надомест за својата работа.
На почетокот на оваа година, фановите забележаа дека два албума на Свифт, „Taylor Swift’ (2006) и „Reputation“ (2017), исчезнале од нејзината дискографија на Спотифај. Ова веднаш предизвика шпекулации дека пејачката подготвува нови верзии на песните, познати како „Taylor’s Version“ (во превод: „Верзијата на Тејлор“). Други, пак, веруваа дека станува збор за техничка грешка. Наскоро, албумите повторно се појавија на платформата, потврдувајќи дека станало збор за привремена техничка непогода.
Свифт веќе неколку години работи на повторно снимање на шест нејзини албуми, кои првично беа објавени додека беше под договор со издавачката куќа „Биг машин рекордс“. Во 2019 година, таа остана без правата врз оригиналните мастер-снимки, откако компанијата ја купи Скутер Браун. Наместо да се помири со ситуацијата, Свифт одлучи да ги сними албумите одново и досега успешно ги објави „Fearless (Taylor’s Version)“, „Red (Taylor’s Version)“, „Speak Now (Taylor’s Version)“ и „1989 (Taylor’s Version)“.
На ред се уште два албума – „Taylor Swift“ и „Reputation“, а фановите со нетрпение го очекуваат најавувањето на „Reputation (Taylor’s Version)“, кој содржи хитови како „Look What You Made Me Do“, „…Ready For It“ и „Don’t Blame Me“.
Освен музичката кариера, медиумите будно го следат и приватниот живот на Свифт. Таа моментално е во врска со американскиот фудбалер Тревис Келси и често е забележана на неговите натпревари. Сепак, нејзиното присуство на финалето на Супербол не помина без контроверзии – дел од публиката ја исвирка кога нејзиниот лик се појави на големите екрани.
Неколку дена подоцна, странските медиуми објавија дека Свифт и Келси планираат кратка пауза од јавните настапи, за да се посветат на својата врска.