ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ЕМ ГО КРАДЕЛЕ, ЕМ ГО ТРУЕЛЕ НАРОДОТ СО КАНЦЕРОГЕН МАЗУТ Во само една набавка Владата помогнала со 15 милиони евра народни пари, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Владата на Заев во која Филипче беше министер за здравство, за само една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

813

СДСМ и ДУИ целиот свој мандат го потрошија да постават лица во судството и обвинителството кои ќе ги штитат нивните криминални активности, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ треба да се освети и да размисли, а ако не знаат, да прашаат како тече постапка за осомничени за кривични дела. На нивниот претседател Венко Филипче, кој беше министер за здравство заклучно со 16 јануари 2022 година, око не му трепнувало додека седел во владата на Зоран Заев и давал зелено светло, како и пари од буџетот за набавка на канцероген мазут. Владата на Заев во која Филипче е министер за здравство, за само една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Филипче и Заев ем го краделе, ем го труеле народот, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини