АКО САД ВОВЕДЕ РЕЦИПРОЧНИ ЦАРИНИ, ЕУ ПАК ЌЕ ОДГОВОРИ БРЗО И СИЛНО Унијата е спремна за нови контрамерки ако мора

Тоа е пристапот што ќе го задржиме и за какви било идни мерки што би ни биле воведени неправедно, потенцираше портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини - Олоф Гил.

325

ЕУ ќе реагира соодветно на евентуалното воведување реципрочни царини од страна на САД, кои би биле одговор на мерките што ги денеска ги презеде Унијата по стапувањето во сила на американските царини за увоз на челик и на алуминиум, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини – Олоф Гил.






– Многу јасно ставивме до знаење дека ние ќе реагираме ако САД ги остварат своите закани за воведување царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ и реагиравме. Многу јасно кажуваме и дека САД треба да се воздржат од реципрочни царини, а доколку ги воведат, ќе одговориме брзо и силно, како што направивме и денеска – рече Гил.

Според него, со денешната одлука за одговор на американските царини, ЕУ покажала дека е решена да реагира брзо, цврсто и соодветно во согласност со своите и со правилата на Светската трговска организација.

– Тоа е пристапот што ќе го задржиме и за какви било идни мерки што би ни биле воведени неправедно – додаде Гил.

Тој потенцира дека ЕУ денеска не вовела реципрочни царини кон САД, туку само одговорила на донесените одлуки од страна на Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Она што се случи утринава не е поврзано со реципрочни царини. Денеска се случи воведување царини за сиот увоз на производи од челик и алуминиум во САД, вклучително и од ЕУ, и ние само го дадовме одговорот на Унијата на овие мерки – рече Гил.

Како одговор на денешното стапување во сила на царините од 25% за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија во САД, Европската комисија денеска воведе серија контрамерки.

ЕУ МУ ВОЗВРАЌА НА ТРАМП СО ЦАРИНИ ЗА БУРБОН, ФАРМЕРКИ И ЗА МОТОЦИКЛИ Почна ли трговската војна меѓу САД и Европа?

Поврзани содржини