АРМИЈАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 300 НОВИ ВОЈНИЦИ Објавен е огласот за вработување, пријавувањето може да започне
Во објавата на Фејсбук, Мисајловски најавува наскоро и оглас за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека е објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници и оглас за 10 подофицери во Армијата.
Во објавата на Фејсбук, Мисајловски најавува наскоро и оглас за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.
„Ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните“, напиша Мисајловски, кој денеска е во посета на Првиот пешадиски баталјон во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.