ЦРНОГОРСКАТА ВОЈСКА ГО СПАСИ ИВИЦА КОСТЕЛИЌ ОД РАЗБЕСНЕТИТЕ БРАНОВИ НА МОРЕТО Познатиот скијач за малку ќе се удавел

Според пишувањата на медиумите, скијачот Ивица Костелиќ и уште едно лице биле на кајак, но силен јужен ветар и бранови, високи над 3 метри, ги превртеле и ги одвлекле од брегот.

555

Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада, објави Спорт ало.

Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“, со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на Војската на Црна Гора и со хеликоптерска поддршка од воздух.






Според пишувањата на медиумите, Костелиќ и уште едно лице биле на кајак, но силен јужен ветар и бранови, високи над 3 метри, ги превртеле и ги одвлекле од брегот.

Како што дознава „Вијести“, двајцата спасени се добро, но превентивно се предадени на екипа на Брза помош која ги чекала во пристаништето Бар, каде околу 22.45 часот пристигнал патролниот брод.

Поврзани содржини