МАЛОЛЕТНИЧКА ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Возачот удрил во девојчето и побегнал од местото на несреќата

Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, информираат од МВР.

1,466

Петнаесетгодишна малолетничка била повредена откако во неа удрило патничко возило мерцедес на улицата Пандил Шишков во Скопје, а возачот потоа избегал од местото на несреќата, соопшти полицијата.

„Во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на наведената локација патничко возило удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, информираат од МВР.






Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а полицијата работи на пронаоѓање на возачот и расветлување на случајот.

Поврзани содржини