📽 РУБИО СЕ ПОЈАВИ СО КРСТ НА ЧЕЛОТО ВО ТВ ГОСТУВАЊЕ Еве што означува овој обичај кај католиците

Традицијата налага на почетокот на католичкиот пост за Велигден свештеник да ја посипе со пепел главата на верникот или да му исцрта крст на челото. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува чин на покајание и подготвеност за нов живот.

1,259

Социјалните мрежи вријат од коментари за американскиот државен секретар Марко Рубио кој се појави со исцртан црн крст на челото во гостување на „Фокс Њуз“. Крстот на Рубио е дел од католичката традиција за празникот Среда Пепелница, почеток на постот за Велигден, кој нашироко го слават Латиноамериканците во САД.

Традицијата налага на тој ден свештеник да ја посипе со пепел главата на верникот или да му исцрта крст на челото. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува чин на покајание и подготвеност за нов живот.






Рубио бил помазан и се оженил во католичка црква, но подоцна станал член на евангелистичка мегацрква со неговата сопруга. Потоа повторно се вратил во Католичката црква. Тој успеал и да ги наговори своите родители, емигранти од Куба, да ја напуштат мормонската црква за да станат католици.

 

На социјалните мрежи нагрнаа коментарите, меѓу кои и критики за Рубио. Се појавија лажни вести дека се работи за снимка генерирана со вештачка интелигенција или пак за „руска пропаганда“.

Некои корисници го обвинија Рубио дека не е христијанин.

„Луѓето од мафијашкиот тим на Трамп не се христијани и никогаш нема да бидат“, напиша меѓу другото еден од корисниците на Икс.

За време на неговата посета, Рубио повтори дека администрацијата на Трамп сака да стави крај на војната во Украина и дека постои само една личност во светот што може да го направи тоа „и неговото име е Доналд Џеј Трамп“.

„Ние сме среќни и привилегирани што имаме претседател кој сака, ако е можно, да стави крај на конфликтот што чинеше милијарди долари и стотици илјади животи и уништување што на Украинците и на другите ќе им одземе една генерација да се опорават“, рече Рубио.

 

Поврзани содржини