ТРАМП НАЈМНОГУ ПРИДОНЕСЕ ЗА МИРОТ, ЈА ПРЕКИНА ПОМОШТА ЗА УКРАИНА Песков коментираше за локацијата на следните преговори меѓу САД и Русија
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, прекинот на помошта може да го поттикне Киев да се вклучи во мировниот процес.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема конкретни договори во врска со планираната посета на претседателот на Русија, Владимир Путин, на Турција и дека е рано да се зборува за можната локација на следните преговори меѓу Русија и САД. Тој ја коментираше и одлуката на Трамп да престане да испраќа воена помош за Украина.
Во врска со прекинот на американската воена помош за Украина, Песков рече дека тоа е „најпозитивен придонес за мирот“.
Според него, прекинот на помошта може да го поттикне Киев да се вклучи во мировниот процес.
Песков ги поздрави изјавите на Трамп за желбата да се постигне мир во Украина и дека ќе го следи развојот на ситуацијата.
Тој го коментираше и прашањето за американските санкции, велејќи дека Русија сè уште не слушнала официјални изјави за можноста за ублажување на санкциите, но дека нормализацијата на билатералните односи меѓу Русија и САД ќе повлече укинување на „негативниот товар“ на санкциите.