ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА ЈА ПЛОМБИРАШЕ ТЕМАТА СО КАЖАНОТО ЗА ПЕТРОВСКА Министерката за финансии изрази жалење за последен пат

Според министерката за финансии, опозицијата решила од ова да прави тема откако се искоординирале, бидејќи додека дискутирале во Собранието реакции немало.

1,433

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и денеска повтори дека изразува жалење за целиот контекст при настапот од собраниската говорница кој беше протолкуван како омаловажување на пратеничката Славјанка Петровска.

– Во однос на ова прашање и вчера бев многу јасна, но еве денеска да го заокружиме и јас очекувам со ова за мене да биде затворено. Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус – рече Димитриеска Кочоска.






Таа рече дека немала никогаш намера да навреди никого, туку напротив.

– И таа самата го знае тоа, ама вака сега ѝ чини да изигрува жртва – рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, опозицијата решила од ова да прави тема откако се искоординирале, бидејќи додека дискутирале во Собранието реакции немало.

-Им требаше време да се реорганизираат, да размислат, да видат и да дефокусираат. Но, секако повторувам, ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова се ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето, колку што можеме -рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека за неа оваа тема е веќе затворена и отсега ќе се фокусира на нејзината работа.

Димитриеска Кочоска, како што рече, не исклучува да продолжат со напади кон неа, но тоа е и дел од работата која има чест да ја води

-Да служам на мојот на народ и државата –рече таа и додаде дека и таа била предмет на лажни изјави, соопштенија по социјалните медиуми веќе со месеци, но во ниту еден момент не се пожалила.

Поврзани содржини