ТРАМП НОСИ ХРАБРИ ОДЛУКИ Вучиќ со пофални зборови за американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп покажува вистинско лидерство со тоа што инсистира да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, рече српскиот претседател.

822

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на социјалната мрежа „Х“ и напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува вистинско лидерство со тоа што инсистира да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина и дека Србија ги поддржува сите напори што водат кон мир и стабилност во Европа и во светот.

– Американскиот претседател Доналд Трамп покажува вистинско лидерство со тоа што инсистира да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина. Мора да надвладее дипломатијата, а не бескрајното крвопролевање. Србија ги поддржува сите напори што водат кон мир и стабилност во Европа и светот. Сега е време за храбри одлуки и конкретни акции – напиша Вучиќ на социјалната мрежа „Х“.

Поврзани содржини