САД ЌЕ Ѝ ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ДА ВРАТИ ШТО ПОВЕЌЕ ТЕРИТОРИИ, А ПУТИН ЌЕ МОРА ДА ПОПУШТИ Трамп изненади со својата изјава

Оваа изјава на претседателот на САД, Доналд Трамп, претставува еден вид пресврт во реториката на Трамп бидејќи тој беше прилично ригиден кон Киев и го отфрли неговото членство во НАТО.

734

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изненади со изјава за време на првиот состанок на неговиот кабинет во неговиот втор мандат, објави Јунајтед 24. Трамп рече дека ќе се обидат да ѝ помогнат на Украина да врати некои од нејзините привремено окупирани територии преку преговори.

– Ќе направиме сѐ што можеме за да го направиме најдобриот договор за двете страни. Но, што се однесува до Украина, ќе се обидеме многу напорно да направиме добар договор за да можат да добијат што е можно повеќе територија. Сакаме да ѝ вратиме што повеќе територии на Украина – рече Трамп.






Тој додаде дека лидерот на Русија, Владимир Путин, ќе мора да направи отстапки, но не прецизираше што би значеле тие.

Оваа изјава претставува еден вид пресврт во реториката на Трамп бидејќи тој беше прилично ригиден кон Киев и го отфрли неговото членство во НАТО, кое Украина го гледа како гарант за безбедност и заштита од потенцијална нова руска инвазија.

Не е јасно како Трамп мисли да го спроведе тоа, а Лавров и Песков претходно изјавија дека нема да се откажат од ниту милиметар од освоената територија.

Москва ги воведе Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во Уставот како делови на Русија.

Путин побара украинските сили да се повлечат од окупираните региони како предуслов за преговори.

Зеленски го отфрли тој предлог и го нарече ултиматум.

Самиот Зеленски призна дека Украина нема да може да ги врати изгубените територии без помош од Западот.

📽 ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ВО ИСТАНБУЛ, ЌЕ ТРААТ 6 ЧАСА? Познато е за што овојпат ќе се кршат копјата меѓу Вашингтон и Москва

Поврзани содржини