ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПОПУШТА, ИЗРЕЧЕНИ ВКУПНО 732 САНКЦИИ 214 казни за погрешно паркирање и 194 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила, за да се осигури безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, порачуваат од полицијата.

759

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, како дел од своите напори за зголемување на безбедноста на сообраќајот.

Полицијата вчера издаде 732 платни налози, најголем број се однесуваат на прекршоци за непрописно паркирање (214) и непочитување на пропишаната брзина на движење (194). Дополнително, евидентирани се и прекршоци за неносење сигурносен појас (57) и употреба на мобилен телефон при возење (25).






Особено внимание привлече откритието на 65 лица кои учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, како и возачи под дејство на алкохол (3 случаи). Полицијата санкционираше и 15 пешаци кои не ги почитувале прописите, откриени беа 21 нерегистрирано возило, а поради техничка неисправност, исклучени се четири возила од сообраќај.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила, за да се осигури безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, порачуваат од полицијата.

Поврзани содржини