„НАЈТАЖНАТА СЛОНИЦА НА СВЕТОТ“ ДОБИ СУДСКИ СПОР Депресивната Ели ќе добие подобри услови за живеење

Ели живее во Зоолошката градина во Мексико Сити веќе 13 години откако беше спасена од циркус. Надлежните, од друга страна, тврдат дека таа е помалку депресивна откако други слонови биле сместени во живеалиштето.

225

Врховниот суд на Мексико ѝ наложи на Зоолошката градина „Сан Хуан де Арагон“ во главниот град на државата да ги засили напорите за подобрување на условите за живот и здравјето на „најтажната слоница на светот“, Ели.

Ова е првпат да се донесе пресуда во корист на животно во Мексико. Стручњаците веруваат дека ова е значајно, бидејќи се признава дека животните имаат права. Застапниците тврдеа дека Ели страдала од депресија, особено по угинувањето на слонот Меги во 2016 година, како и поради болести. Ели, имено, често се удира во ѕидовите на своето живеалиште и почнала да слабее.






Затоа, активистите за правата на животните ја опишаа како „најтажниот слон“ на светот воопшто.

– Ели е во ужасни услови. Верувам дека наскоро ќе умре – изјави Дијана Валенсија, основачка и директорка на групата за заштита на животните „Отворени кафези и отворени умови“.

Ели живее во Зоолошката градина во Мексико Сити веќе 13 години откако беше спасена од циркус. Надлежните, од друга страна, тврдат дека таа е помалку депресивна откако други слонови биле сместени во живеалиштето.

Поврзани содржини