НАТЕПАН ВОЗАЧ НА ЈСП, ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ ДЕТАЛИ Двајца напаѓачи претепале шофер по сообраќајна расправија

Полициски службеници веднаш интервенираа и ги лишија од слобода двете лица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведуваат од МВР.

1,938

Возач на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) на возраст од 51 година бил физички нападнат од две лица додека управувал автобус во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението на полицијата, инцидентот се случил вчера во 13:40 часот на подрачјето на Карпош. Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле И.Б. (60) и С.О.Б. (59), двајцата од Скопје, кои по претходно недоразбирање во сообраќајот физички го нападнале возачот С.М. (51) додека тој бил на работна задача.






„Полициски службеници веднаш интервенираа и ги лишија од слобода двете лица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведуваат од МВР.

Инцидентот повторно ја отвори темата за безбедноста на возачите во јавниот превоз и ризиците со кои тие се соочуваат во извршувањето на своите работни обврски.

Поврзани содржини