СДСМ Е ПРИЧИНА ЗА КОРУМПИРАНИТЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ Потребни се промени од корен

СДСМ го наполни правосудниот систем со свои послушници, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

89

СДСМ е причина за корумпираните судии и обвинители, потребни се коренити промени, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– СДСМ го уништи правосудството. 2% доверба на народот во судиите и обвинителите е резултат на притисокот на СДСМ врз овие институции и односот додека беа на власт. СДСМ го наполни правосудниот систем со свои послушници. Доволно е да се погледне примерот со поранешниот Врховен судија Наќе Георгиев и заменик претседателот на Совет на јавни обвинители Иџет Мемети за да се сфати колку е корумпиран тој систем од СДСМ. СДСМ се бори за корумпираните судии и обвинители затоа што тие го спасија Венко Филипче да не одговара за изгорената модуларна болница во Тетово. СДСМ се бори за корумпираните судии и обвинители, бидејќи тие ги опструираат случаите за криминал на нивни функционери. СДСМ сега го брани тој систем и се става во одбрана на судиите и обвинителите, затоа што истите им се гаранција дека ќе можат да бегаат од правдата. Ова сценарио на СДСМ нема да успее. Одговорност ќе има – порача Лефков.

Поврзани содржини