РУСИЈА И САД ТРЕБА ДА ПОМИНАТ ДОЛГ ПАТ Песков вели дека прво е потребно решение за Украина

Портпаролот на Кремљ посочи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат на ред откако ќе се реши ситуацијата во Украина.

223

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе, а да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави „мора да се помине долг пат“.

– Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба – изјави Песков.






Тој истакна дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.

– Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа – рече Песков.

На новинарско прашање за наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој посочи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат на ред откако ќе се реши ситуацијата во Украина.

– Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Постојат многу широки изгледи за ова – рече Песков.

Поврзани содржини