МАКЕДОНИЈА Е КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА САД ЗА УКРАИНА Документот не е против Русија и бара брз крај на конфликтот
Мицкоски очекува дека резолуцијата на САД ќе биде поддржана од мнозинството земји во Обединетите нации, кои денеска треба да гласаат за неа.
Одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата која што ја поднесена од САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан зошто Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а не на резолуцијата предложена од ЕУ, предводена од Германија и од Франција.
Мицкоски рече и дека очекува таа резолуција да биде поддржана од мнозинството земји во Обединетите нации.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за неутрална нацрт-резолуција за Украина предложена од САД.
САД за првпат одбија да бидат коавтор на нацрт-антируската резолуција на Генералното собрание на ОН за Украина и во документот предложен од нив не се обвинува Русија за почеток на конфликтот. Текстот на резолуцијата, исто така, изразува тага во врска со трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и апелира за негов што побрз крај.
САД минатата недела одбија да го поддржат текстот подготвен од Украина и од ЕУ.