РУСИЈА НЕ ПРИФАЌА БРЗ ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА Москва сака да оди чекор по чекор за да не си ги расипе односите со САД
Прекинот на огнот без долгорочно решение е начин за брзо продолжување на борбите и за продолжување на конфликтот со уште посериозни последици, вклучително и последици за руско-американските односи, а ние не го сакаме тоа, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Русија ги препознава напорите на САД за придвижување кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа е неприфатливо за Москва и претставува закан а со сериозни последици за односите меѓу двете земји, ја пренесоа утринава руските медиуми изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Рбјаков денеска изјави дека може да ја препознае желбата на американската страна да се придвижи кон брз прекин на огнот.
– Но, прекинот на огнот без долгорочно решение е начин за брзо продолжување на борбите и за продолжување на конфликтот со уште посериозни последици, вклучително и последици за руско-американските односи. Ние не го сакаме тоа – рече тој.