МИСТЕРИОЗНО ТРУЕЊЕ ВО ЗАТВОР 21-годишен осуденик почина откако бил донесен во болница
Надлежните институции ја истражуваат причината за смртта, а дополнителни информации се очекуваат по резултатите од обдукцијата.
21-годишен осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Штип почина во болница откако бил донесен со знаци на труење. Причините за неговата смрт засега не се познати, а истрагата е во тек.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 22 февруари 2025 година во 11:31 часот од Клиничката болница во Штип. Тие информирале дека кај нив бил донесен затвореникот Е.А. (21) од Штип, кој по кратко време починал.
„Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираа од МВР.
Надлежните институции ја истражуваат причината за смртта, а дополнителни информации се очекуваат по резултатите од обдукцијата.