📽️ МИЦКОСКИ ЌЕ ГОВОРИ НА НАЈГОЛЕМИОТ СОБИР НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ Меѓу говорниците ќе бидат и Гренел и Фицо

Меѓу говорниците ќе бидат Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо.

778

Владата потврди дека премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) 2025 година во Вашингтон, што ќе се одржи од 19 до 22 февруари.

Ова е годишна конференција на конзервативците во САД, организирана од Американската унија за конзервативни акција (American Conservative Union – ACU).






– Тој е поканет во својство на премиер. Очекуваме да оствари дополнителни билатерални средби во рамки на неговото присуство во Вашингтон, па очекувам јавноста да биде информирана во наредните денови преку вас, медиумите – изјави портпаролката Марија Митева.

Мицкоски на својот профил на Фејсбук ја објави видео-најавата за настанот.

Меѓу говорниците ќе бидат Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Цените на билетите за оваа годишна конференција на конзервативците во САД варираат, односно обичен билет чини 95 долари, додека најскапиот, таканаречен платинест, чини 15.000 долари.

Поврзани содржини