СПУШТЕТЕ ГО ТОНОТ И ПОТПИШЕТЕ ГО ДОГОВОРОТ Советникот на Трамп упати остра порака до Зеленски

Советникот за национална безбедност на Белата куќа рече дека отпорот на Украина кон договорот за минерали и отпорот кон начинот на кој Трамп води мировни преговори е едноставно неприфатлив, со оглед на, како што вели, сè што направиле Соединетите Американски држави за Украина.

2,400

Украина треба да го спушти тонот, внимателно да размисли и да го потпише договорот според кој САД бараат 500 милијарди долари во украински минерални и рудни ресурси, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц за „Фокс њуз“.

Острата изјава на Волц доаѓа по изјавите кои ги разменија украинскиот и американскиот претседател во последните денови.






Сепак, советникот инсистираше на тоа дека овие разлики во ставовите може да се надминат бидејќи „претседателот кажа и колку го сака украинскиот народ“, пренесува Ројтерс.

Волц ги негираше тврдењата дека во разговорите не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.

– Постои термин за ова во дипломатијата. Тоа се нарекува шатл дипломатија, бидејќи носењето на сите на маса одеднаш едноставно не функционирало во минатото – рече Волц.

Блумберг напиша дека Украина намерно ги пренагласила своите резерви на минерали во обид да ја придобие наклонетоста на американскиот претседател Доналд Трамп, односно дека Украина нема минерални резерви во вредност од 500 милијарди долари .

Зеленски, наводно, одбил да потпише таков договор, кој неколку неименувани функционери го опишуваат како „колонијален договор“.

Поврзани содржини