📽️ ОПОЗИЦИЈАТА САКА ДА ГО МИНИМИЗИРА УСПЕХОТ НА ВЛАДАТА Директор во Македонски железници ги демантира написите за возот за Куманово
Лесно е да се погоди кој е иницијаторот за вакви вести. Тоа се оние кои изминативе 7 години ги укинуваа железничките линии со цел Македонија да нема железница. За разлика од нив ние се радуваме на враќање на секоја укината линија и на секој еден нов патник, напиша на Фејсбук директорот за влеча и одржување во Македонски железници демантирајќи ги вестите дека во возот на релација Скопје-Куманово се возел само еден патник.
„Со намера да се релативизираат и занемарат напорите за нормализирање на железничкиот сообраќај, овие денови на некои портали кружи вест дека во возот на релација Скопје – Куманово се возел само еден патник“.
Вака напиша на Фејсбук Игор Коруноски, директорот за влеча и одржување во Македонски железници. Тој објави снимка од денешниот попладневен воз Скопје-Куманово демантирајќи ги написите.
„Лесно е да се погоди кој е иницијаторот за вакви вести. Тоа се оние кои изминативе 7 години ги укинуваа железничките линии со цел Македонија да нема железница. За разлика од нив ние се радуваме на враќање на секоја укината линија и на секој еден нов патник. Македонски железници ќе продолжи да дава услуги па макар и за еден патник, затоа што секој патник го заслужува тоа и затоа што Македонија мора да има и ќе има железница“, потенцира во објавата Коруноски.