ТРОЈЦА КАВАДАРЧАНИ СЕ ТЕПАЛЕ СО ПОЛИЦАЈЦИ Двајца нападнале полицаец во кафеана, трет пред болница
По документирањето на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.
Двајца кавадарчани ноќеска нападнале полицец во кафеана, по што биле приведени. Полицијата го однела на преглед во болница едниот од приведените, а пред болницата биле нападнати од лице кое сакало да ги спречи во намерата.
„На 15.2.2025 во 3 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи. Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. На 15.02.2025 во 5.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител“, соопшти полицијата.
По документирањето на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.