ИЗГОРЕ СТАН НА САМОХРАН ТАТКО И ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ Општина Карпош ќе му помогне на семејството, апелира и другите да помогнат

Од огнот целосно се опожарени станот и покуќнината, но за среќа нема жртви и повредени во пожарот во зграда во Тафталиџе, соопшти Општина Карпош.

5,978

Синоќа околу 20 часот избувна пожар во стан од зграда на улица Бриселска, позната меѓу карпошани како „7-та руска зграда“, во населбата Тафталиџе 2, соопшти Општината Карпош на својот профил на Фејсбук.

„Од огнот целосно се опожарени станот и покуќнината, но за среќа нема жртви и повредени. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за заштита и спасување беше присутен на лице место. Веднаш по гасењето на пожарот ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, штом завршо увидот на полицијата, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина.
Јакимовски, исто така, рече дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери“, соопшти Општина Карпош.






Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство.

Поврзани содржини