КИМ КАРДАШИЈАН ПАК СЕ ОМАЖИ, АМА НА ФИЛМ Што сѐ нема да направи за малку внимание

182

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (44) е подготвена на сѐ за малку внимание, а овој пат нејзиното учество во серијата која се уште се снима предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.

Ким ја прифатила понудата за серијата „All’s Fair“, која се занимава со приказната за млад претприемач и адвокат, а во исто време и за моќна жена.






Една од сцените што ги снима Ким е свадба, а многумина се исплашија дека старлетата по четврти пат ќе го каже судбоносното „да“.

Нејзината бела венчаница со прерамки и вел привлече големо внимание, додека покрај неа беше нејзината колешка од серијата, со која се држеше за раце и се бакнуваше. Нејзин партнер е Метју Носка (32), познат по улогата во „No Hard Feelings“, но и по рекламите за бројни познати брендови.

Поврзани содржини