СДСМ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПАРНОТО ЗА ДНЕВЕН ПОПУЛИЗАМ Електрани на Македонија потсетува дека цената на гасот се зголеми среде грејната сезона
СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува, треба да знае дека во тек на тековната грејна сезона е зголемена цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, соопшти АД ЕСМ.
СДСМ лицемерно ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на Друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, соопшти АД ЕСМ.
„Опозицијата треба да знае дека компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Имено, согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават барања до РКЕ доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. СДСМ ако е одговорна партија како што се претставува и ако се грижи за граѓаните, исто така треба да знае дека во тек на тековната грејна сезона е зголемена цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до РКЕ за корекција на цената“, соопшти АДМ ЕСМ.
Опозицијата, се додава во соопштението, кога веќе го спомнува АД ЕСМ и Друштвата за топлинска енергија, треба да се потсети дека токму СДСМ во соработка со нивните поранешни коалициони партнери, ги оставија трите друштва со милионски долгови по разни основи.
„И на крај независно од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цената, опозицијата треба да знае дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење“, соопшти АД ЕСМ.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска информираше дека парното поскапува за 5,03% поради зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО. Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство.
СДСМ обвини дека власта бездушно удира по џебот на граѓаните, а барањето на ЕСМ за поскапување на парното е „потврда за неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас“.