📷 „ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ ШТО ПРИДОНЕСОВТЕ ЗА ОВИЕ ЖРТВИ“ Граѓаните протестираат пред Јавното обвинителство
„Нека излезат сите кои придонесоа за овие жртви. За кого работи овој систем?“ – ечеше низ мегафон, додека демонстрантите го насочуваа својот гнев кон правосудните органи.
По собирот пред Собранието, револтираната толпа стигна пред зградата на Јавното обвинителство, каде што граѓаните со скандирања побараа одговорност од институциите.
„Нека излезат сите кои придонесоа за овие жртви. За кого работи овој систем?“ – ечеше низ мегафон, додека демонстрантите го насочуваа својот гнев кон правосудните органи.
Студентите, кои беа меѓу најгласните учесници, скандираа: „Бараме правда, уа!“, „Правда за Фросина!“ и „Убијци!“, обвинувајќи дека системот останува глув за неправдата и дека несовесните возачи остануваат неказнети.
Граѓаните бараат институциите да преземат конкретни мерки – строги санкции за сообраќајните прекршители, подобрување на безбедноста на пешачките премини и крај на неказнивоста која, според нив, ги охрабрува ваквите трагедии.
Протестот започна во 13 часот пред пекарницата „Силбо“ на Партизанска, каде што се случи сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Ќулакова.
Потоа граѓаните се упатија пред зградата на Собранието, а сега протестираат пред зградата на Јавното обвинителство.