ФРАНЦИЈА ПОНУДИЛА ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА ГРЕНЛАНД Копенхаген го одбил предлогот на Париз

Во интервју за француското судско радио, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека Франција ќе биде на располагање доколку Данска побара помош.

602

Француските власти разговараа со своите дански колеги за испраќање француски војници на Гренланд како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на таа данска територија, но Копенхаген го отфрли предлогот, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, пренесува Танјуг.

Во интервју за француското судско радио, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека Франција ќе биде на располагање доколку Данска побара помош.






– Европските граници се суверени, без разлика дали се север, југ, исток и запад… никој не треба да си дозволи да се плетка со нашите граници – рече Баро.

Данската премиерка Мете Фредериксен ја започна турнејата низ европските метрополи за да собере поддршка, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го припои Гренланд со сила, објави денеска Вашингтон пост.

Таа имаше средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на која директно не ги спомна „заканите на Трамп“, но нагласи дека е потребно уште поизразено единство во ЕУ поради „неизвесноста“.

ЕВРОПА МОРА ДА СЕ БРАНИ Шолц и премиерката на Данска ги осудуваат сите територијални амбиции

 

 

Поврзани содржини