ПО 12.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ ВО КИСЕЛА ВОДА, ПО 7.000 ДЕНАРИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Општините ги зголемија еднократните надоместоци

Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош, таа е симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиески.

2,538

Новороденчињата во Кисела Вода ќе добиваат еднократна парична поддршка од 12.000 денари, а во Ѓорче Петров по 7.000 денари. Двете општини го зголемија овој надоместок.

Советот на Кисела Вода на денешната седница едногласно одлучи двојно да се зголеми еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња, од 6.000 денари, на 12.000 денари. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Општината за унапредување на социјалната слика и за создавање поволни услови за развој на младите семејства.






– Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби. Градиме нови градинки, за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а им обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата. Дополнително, сите првачиња добиваат бесплатни ранци и училишен прибор, а за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и за рамноправни можности – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека е донесена одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари.

– Со ова, како и со активностите за изградба на нови градинки на територијата на општината, продолжува заложбата за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на младите семејства – вели градоначалникот Стојкоски.

 

Поврзани содржини