МЕКСИКАНСКИОТ ЗАЛИВ СЕГА ЌЕ БИДЕ АМЕРИКАНСКИ ЗАЛИВ НА „ГУГЛ МАПС“ Оваа промена важи за корисниците во САД
Во Мексико, називот ќе остане „Мексикански Залив“. Надвор од САД и од Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња, Американски Залив и Мексикански Залив.
„Гугл мапс“ ќе го смени името на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“ за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе биде официјално ажуриран во Географскиот систем на САД.
Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека, пак, во Мексико ќе остане „Мексикански Залив“.
Надвор од САД и од Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња.
Американското Министерство за внатрешни работи во петокот соопшти дека официјално го сменило името на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“.
Компанијата „Гугл мапс“, која е во сопственост на „Алфабет“, ќе го смени и името на највисокиот врв на Алјаска од Денали во Маунт Меклинли.
„Како што нареди претседателот, Мексиканскиот Залив сега официјално ќе биде познат како Американски Залив, а највисокиот врв во Северна Америка повторно ќе го носи името Маунт Мекинли“, соопшти Министерството за внатрешни работи минатата недела.