ЈА НАПАДНАЛ ВО ВЛЕЗОТ КАДЕ ШТО ЖИВЕЕЛА Млад скопјанец осомничен за полови дејствија врз девојка

Судот ги прифати мерките: одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај одредено службено лице во судот, забрана за приближување или воспоставување контакт со жртвата.

2,994

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец под сомнение дека извршил други полови дејствија врз 19-годишна девојка, дело квалификувано според член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил на 14 јануари. Осомничениот ја забележал девојката во трговски центар додека плаќала на една од касите, а потоа почнал да ја следи. Откако девојката влегла во зграда во близина на трговскиот центар, тој ја нападнал во влезот, допирајќи ја против нејзина волја. Жртвата се спротивставила и почнала да вика, што го принудило напаѓачот да се откаже од намерата и да избега.






Неколку дена по инцидентот, полицијата го пронашла осомничениот и го лишила од слобода.

Од обвинителството соопштуваат дека до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје поднеле предлог за изрекување мерки на претпазливост. Мерките вклучуваат: одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај одредено службено лице во судот, забрана за приближување или воспоставување контакт со жртвата.

Судот ги прифати мерките и донесе решение со кое тие стапија на сила.

Поврзани содржини