ГУСТАТА МАГЛА ГО ПАРАЛИЗИРА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Авиони не можат да слетаат во Скопје, летовите се откажани
Иако нешто по 16 часот требаше да слетаат три авиони во Скопје, сепак авионите од Анталија, Мемингем и од Баден Баден беа принудени да слетаат на друга локација.
Густата магла ги откажа слетувањата на аеродромот во Скопје, а откажани се и дел од денешните летови.
Иако нешто по 16 часот требаше да слетаат три авиони во Скопје, сепак авионите од Анталија, Мемингем и од Баден Баден беа принудени да слетаат на друга локација.
Тој од Мемингем беше пренасочен кон Приштина, а од Баден Баден слета во Софија.
Авионот од Варшава не успеа да слета во Скопје и се врати во Варшава.
Откажани се летовите за Малме и Истанбул.
Видливоста е 200 метри.