📷 СВРШЕНИЦАТА НА БЕЗОС ГО ИСПРАВИ МОДНИОТ ГАФ Лорен Санчез на балот кај Трамп се појави во бајковит златен фустан 

Инаугурацијата на Доналд Трамп заврши, но белиот чипкан градник на Лорен Санчез стана главна тема на социјалните мрежи. Меѓутоа, таа одлучи сите да ги изненади само неколку часа подоцна и облече прекрасен златен фустан.

2,452

Инаугурацијата на Доналд Трамп заврши, но белиот чипкан градник на Лорен Санчез стана главна тема на социјалните мрежи. Меѓутоа, таа одлучи сите да ги изненади само неколку часа подоцна и облече прекрасен златен фустан.

Лорен Санчез, свршеницата на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, го привлече вниманието на инаугурацијата на Доналд Трамп, појавувајќи се во бела палто со длабок изрез под кое ѕиркаше градник од тантела.






Сепак, Лорен одлучи да го исправи овој моден гаф, па неколку часа подоцна на балот се појавила во елегантен фустан со златни нијанси кој предизвика бурни реакции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)


– Ти си навистина златна девојка – беше еден од коментарите под фотографијата.

Фустанот во златна нијанса успеа истовремено да ги сокрие, но и да ги истакне атрибутите на Лорен, а кој го искомбинирала со високи потпетици и бисерен накит. Лорен малку ја подигнала косата оставајќи неколку брановидни прамени пуштени покрај лицето, што го комплетирал бајковитиот изглед.

Нејзината шминка била минимална, а најмногу се истакнувал сјајот на нејзините усни. Овој пат била облечена соодветно и со вкус, што малкумина го очекуваа од неа по нејзиниот првичен „испад“ со чипканиот градник.

 

 

Поврзани содржини