МУ ВЕТИЛЕ 17.000 ДОЛАРИ, А ОСТАНАЛ БЕЗ НИШТО 58-годишник изгуби над 150.000 денари за „лажен прилив“

Во пријавата, оштетениот изјавил дека на 18 јануари 2025 година добил телефонски повик од В.П., кој го известил дека на неговата банкарска сметка пристигнале 17.000 долари, но за да ги подигне, треба да внесе сопствени пари.

2,095

58-годишен жител на село во тетовско пријавил дека бил измамен за сума од 153.577 денари од лице со иницијали В.П., кое му ветило прилив од 17.000 долари. Според податоците од полицијата, пријавата била поднесена вчера во 17:00 часот во Полициското одделение Групчин.

Во пријавата, оштетениот изјавил дека на 18 јануари 2025 година добил телефонски повик од В.П., кој го известил дека на неговата банкарска сметка пристигнале 17.000 долари, но за да ги подигне, треба да внесе сопствени пари.






„Два дена подоцна, на 20 јануари, 58-годишникот ја уплатил сумата на својата сметка, по што повторно добил повик од измамникот. Овој пат, В.П. побарал корисничко име и лозинка за мобилната банкарска апликација на оштетениот. Откако ги добил податоците, оштетениот веќе не можел да пристапи до својата апликација. Набргу потоа, од банката му било потврдено дека не постои прилив на долари и дека внесените пари се подигнати“, велат од полицијата.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини